Предмет на научен интерес: математика: алгебарска топологија (теорија на облик),
општа топологија (верижна сврзаност), примена на математика во градежништво
Предмет на стручен интерес: математичка едукација на сите нивоа
Образование
● 18.9.2010 (23.9.2011 пријавена тема)-10.10.2014 докторски студии, Институт за
математика, Природно-математички факултет, Универзитет Свети Кирил и Методиј во
Скопје, Македонија. Наслов на докторската теза: „Внатрешен облик-еквиваленција на
различни дефиниции и примена“.
● 30.3.2003-17.9.2010 магистерски студии, теориска математика, Институт за
математика, Природно-математички факултет, Универзитет Свети Кирил и Методиј, Скопје,
Македонија. Наслов на магистерската теза: „Проксимативни низи-Дискретизација на
непрекинатоста. Внатрешна дефиниција на облик.“. Просек на студии 9,75.
● 1.10.1996-10.2.2003 дипломски студии, теориска математика, Институт за
математика, Природно-математички факултет, Универзитет Свети Кирил и Методиј, Скопје,
Македонија. Наслов на дипломската работа: „Инверзни лимеси и множество краеви“.
Просек на студии 9,64.
● 1992-1996 средно образование, природно математички смер, гимназија „Никола
Карев“, Скопје. Матурска тема: „Функцијата [x] и нејзина примена“.
● 1984-1992 Основно образование, ОУ „Лирија“, Тетово (1984-1986) и ОУ „Тихомир
Милошевски“, Скопје (1986-1992).
Просек на сите учебни години во основното и средното образование, како на
полугодие така и на крај 5.00.
Награди
● 16.12.2003 Диплома за најдобро дипломиран студент на Институтот за математика
при Природно-математичкиот факултет во Скопје;
● 1988-1996 Добиени награди и признанија од регионални натпревари по повеќе
предмети. Учество на државни натпревари по математика, историја и географија. Освоено
прво и трето место на државните натпревари по историја (1991, 1992). Освоено второ
место на меѓународниот турнир по математика „Црноризец Храбар“, на ниво на Македонија
(1996). Учествува на три математички школо;
● 1992-2000 Стипендија за талентирани ученици (1992-1996) и студенти (1996-2000).
Наставен процес
16.12.2003-денес, Градежен факултет, Универзитет Свети Кирил и Методиј,
Скопје, Македонија. Звање: редовен професор (од 17.6.2024). Претходни звања: вонреден
професор (од 13.9.2019), доцент (од 30.12.2014), асистент доктор, асистент реизбран,
асистент, помлад асистент реизбран, помлад асистент.
● 1.8.2003-10.2.2004, Факултет за општествени науки-ФОН, Скопје. Работно место
помлад асистент.
2
Наставен процес
Од учебната 2014/2015 година има држи предавања по предметите од прв и втор
циклус:
[1] Математика 1 (4+4), прв циклус од 2004/05;
[2] Математика 2 (3+3), прв и втор циклус од 2012/13;
[3] Одбрани поглавја од математиката (4+4), втор циклус од 2013/14;
[4] Веројатност и статистика (2+2), прв циклус од 2023/24;
[5] Сферна тригонометрија (2+2), прв циклус од 2023/24;
[6] Математика 3 (2+2), прв циклус, 2013/2014;
[7] Математика (4+4), прв циклус од 2007/08 до 2022/23;
[8] Веројатност и статистика (1+1), прв циклус, 2013/14 и 2017/18;
[8’] Основи на веројатност и статистика (1+1), прв циклус, 2020/21;
[9] Сферна тригонометрија (1+1) прв циклус, 2017/18;
[9’] Основи на ферна тригонометрија (1+1) прв циклус, 2020/21;
[10] Веројатност и статистика (3+3), прв циклус, 2014/15, 2016/17 и 2018/19;
[10’] Веројатност и статистика (3+2), втор циклус, 2019/20.
Во периодот 2003/2004-2014/2015 држеше вежби по дел од горенаведените предмети
и на сродни предмети кои обработуваа слична содржина во однос на претходните предмети,
различно распоредена и во различен обем како: Одбрани поглавја од математиката (3+3),
2010/11 и 2011/12; и (2+2) 2012/13, втор циклус; и Математика II (4+4) од 2004/05 до 2012/13,
прв циклус. Во Математика 1 (4+4) од 2013/14 е додадена темата матрици. Држеше вежби на
двосеместралните предмети со проширена содржина:
-Математика I (3+3, 3+3), прв циклус до 2003/04;
-Математика II (4+4, 2+2), прв циклус до 2004/05, со испити до 2005/06.
Од 2015/2016 година држи вежби само на предмети од втор циклус и на изборни
предмети од прв циклус. Од учебната 2019/2020 ги држи предметите на трет циклус на
студии (предавања и вежби):
[11] Стохастички процеси (2+2); учебна 2019/2020;
[12] Одбрани делови од математиката (2+2), учебна 2020/21, 2022/23 и 2023/24.
а ги има пријавено и предметите: „Тензорско сметање“ и „Одбрани делови од
информатиката“ на студиските програми на трет циклус на Градежниот факултет и
„Еквиваленција на различни дефиниции на облик и нивна примена“, на студиската програма
„Математички науки и примена“ на Природно-математичкиот факултет при УКИМ. За
следната студиска програма планира да го пријави предметот: „Верижна сврзаност“.
Д-р Зоран Мисајлески има значаен ангажман во наставниот процес. Како асистент
држи просечно по 12 часа аудиториски вежби, како доцент по 9, а како вонреден професор
по 7 часа аудиториски предавања и вежби неделно во семестар. Најголем дел од часовите се
одржани во групи со голем број на студенти, што условува поголем ангажман при
спроведување на колоквиумите, испитите, одбраната на домашните задачи во училна,
прегледувањето на тестовите, консултациите и другите наставни активности. Како асистент
држи 3 часа, а како наставник 2 часа неделно консултации. Обработени на компјутер се
голем број групи испитни задачи и задачи за домашни работи, презентации, како и други
материјали за подготовка на градивото. Има напишано шест учебници и учебни помагала и
два материјали обработени на компјутер, со што со свои авторски материјали ги има
покриено предавањата и вежбите од задолжителните предмети.
На ФОН и ММ Колеџот држеше вежби по предметите: Математика за бизнис (4+4),
Математика I (2+2), Векторска и линеарна алгебра (2+2), како и консултации по: Математика
II (4+4) и Статистика за бизнис (4+4).