За нас

Студирањето на технички науки подразбира солидно познавање на математиката. Така, веќе со формирањето на Техничкиот факултет се одржуваат и подготвителни предавања по математика на кандидатите за студенти на Факулетот. Математиката, како наука овозможува полесен и подлабок пристап при изучувањето на предметите од областа на градежништвото.

Поранешни членови на Катедрата:

проф. Милорад Попадиќ

проф. Платон Димиќ

проф. Димитар Битраков

проф. Слободанка Георгиевска

пред. Елена Атанасова

доц. Вено Пачовски

 

Во образовниот процес на Градежниот факултет, Катедрата ги покрива следните предметни програми на сите студиски програми од првиот, вториот и третиот циклус на студии:

  • Математика 1
  • Математика 2
  • Математика 3
  • Одбрани поглавја од математика
  • Бази на податоци
  • Сферна тригонометрија
  • Веројатност и статистика

Во зимскиот семестар 2015/2016 се држат следниве предмети на прв циклус:

и следниве предмети на втор циклус:

  • Одбрани поглавја од математика (доц. д-р Зоран Мисајлески)
  • Математика 2 (доц. д-р Даниел Велинов)

Во летниот семестар 2015/2016 се предвидени предметите:

Од научен аспект, кадрите на Катедрата ја развиваат математиката во потесните области како што се настава по математика, обични диференцијални равенки, топологија, внатрешен облик, вештачка интелегенција, програмирање, теорија на дистрибуции и ултрадистрибуции, хиперфункции, генерализирани полугрупи од оператори.

Членовите на Катедрата во текот на сите изминати години водат перманентна грижа и за покривање на наставните дисциплини што ги одржуваат со соодветни учебници и збирки задачи. Така, на пример, од членовите на Катедрата, а за потребите на судентите од Градежниот факултет и другите технички факултети издадени се повеќе од 15 учебници и збирки на задачи. 

Additional information